„Бели ноќи“ од Достоевски премиерно на малата сцена на Македонскиот Народен Театар

На 17 октомври во 20:00 часот на малата сцена на Македонскиот Народен Театар, премиерно ќе се одигра претставата „Бели ноќи“ според делото на Ф.М.Достоевски, а во адаптација и режија на Звездана Ангеловска.

Во оваа копродукција играат: Ана Јовановска и Дамјан Цветановски. Како сценограф се потпишува Мартин Манев, а музиката е на Марјан Неќак.

Билетите за премиерната изведба ќе бидат пуштени наскоро, а фотографиите се од работниот процес, под кои се потпишува Кристијан Теодоров.

Првата реприза е закажана на 18 октомври.

Прочитајте и:  Премиера на „12“ со моќна актерска екипа како поротници
- Реклама -