Земјотрес со јачина од четири степени ја погоди Грција

Според Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот е на четири километри северозападно од градот Фенеос на длабочина од 11 километри

Земјотрес со јачина од четири степени рано утрово ја погоди јужна Грција, поточно околината на градот Фенеос во регионот Коринт на Пелопонез, пренесува грчки „Катимерини“.

Фото: ЕМСЦ/Принтскрин

Според Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот е на 4 километри северозападно од градот Фенеос на длабочина од 11 километри.

Засега нема информации за повредени или за предизвикана материјална штета.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) ја процени јачината на земјотресот на четири степени според Рихтеровата скала.

Инаку, Грција се наоѓа во еден од сеизмички најактивните региони во светот, каде што земјотресите се чести.

- Реклама -