Нашите родители редовно го пиеле овој сок, но ние забораваме на него: Го зајакнува срцето, го чисти црниот дроб и го регулира крвниот притисок

Станува збор за сок од цвекло кој е исклучително корисен доколку сакате да го зајакнете имунитетот и во исто време е достапен за секого.

Доколку сакате да подготвите едноставен и вкусен сок од цвекло, користете ги следните состојки:

2 килограми цвекло
1 килограм шеќер
3 кесички ванилин шеќер
3 кесички лимонска киселина
Сокот го подготвувате така што цвеклото го миете, ќе го излупите и потоа ќе го исечете на кругови. Наполнете го тенџерето со три литри ладна вода, па варете додека не зоврие. Потоа намалете ја температурата и варете го цвеклото уште 30 минути,пишува krstarica.

Потоа тргнете го тенџерето од шпоретот и извадете го цвеклото. Додадете го шеќерот во тенџерето и мешајте додека не се растопи. На крајот додадете ванилин шеќер и лимонска киселина и мешајте додека не се соединат состојките.

Истурете го врелиот сок во измиени и стерилизирани стаклени шишиња и цврсто затворете ги. Откако сокот ќе се излади на собна температура, ставете го во фрижидер.

Од наведената количина ќе добиете неколку литри сок.

- Реклама -