Ненси Шрајбер е добитничка на наградата „Трејлблејзер“, како пионерка во кинематограферската професија, на 45. издание на „Браќа Манаки“

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ ја додели наградата „Трејлблејзер“, за пионерски достигнувања во кинематограферската дејност на Ненси Шрајбер.

Се работи за рестижно признание коешто го слави трудот на поединци кои не само што се имаат истакнато во својата професија, туку исто така имаат трасирано нови патишта и отворено врати за идните генерации што ќе се занимаваат со филмската уметност.

,,Со задоволство ви го претставуваме првиот добитник на оваа награда, госпоѓата Ненси Шрајбер, од американското Здружение на кинематографери (ASC). Во текот на нејзината повеќедецениска филмска кариера, Ненси Шрајбер постојано ја докажува страста и пожртвуваноста во создавањето на филмските кадри. Со помош на своето проникливо око за воочување детали, огромно разбирање за раскажување приказни на визуелен начин и непоколеблива посветеност на својот занает, Шрајбер придонесе за збогатување на ризницата на филмската уметност со незаборавни и впечатливи проекти, особено во доменот на независниот филм. Факт е дека нејзината трудољубива ангажираност ѝ донесе бројни признанија, но таа ја презеде и улогата на жена иноватор во професија во која вообичаено доминираат мажи, карактеристика која ја издвојува од останатите” велат од Манаки.

Прочитајте и:  По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300

- Реклама -