СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања по владиното назначувањето на национални координатори

Од опозициската партија денеска прашаа дали Владата планира да именува национален координатор за координација на координаторите, наведувајќи дека ваквите одлуки на Владата се празни и дека со нив се ограбува буџетот „за задоволување на апетитите и плаќање на оние кои партиски му памагале на ВМРО-ДПМНЕ“  

Во реакција на ваквите наводи, од владејачката ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека обвинувањата на СДСМ кон актуелната Влада само потврдуваат дека оваа преостаната група на луѓе на „Бихаќка“ не е во контакт со реалноста која ја оставила зад себе

Назначувањето на повеќемина поранешни пратеници за национални координатори од страна на Владата денеска беше повод за преписки и обвинувања меѓу опозицискиот СДСМ и владејачката ВМРО-ДПМНЕ.  

Надмидрувањата преку партиски соопштија и реакции ги почна опозициската партија која праша дали Владата планира да именува национален координатор за координација на координаторите, наведувајќи дека ваквите одлуки на Владата се празни и дека со нив ограбува буџетот „за задоволување на апетитите и плаќање на оние кои партиски му памагале на ВМРО-ДПМНЕ“.  

Седиштето на Социјадемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) / Фото: Архива

„Додека министерот за внатрешни работи најавува битка за заштита на државниот буџет од злоупотреби, Владата секој ден со свои одлуки именува некакви национални коордонатори за решавање на различни прашања. Тоа не е ништо друго освен легализирана кражба на буџетот преку доделување месечна апанажа на неопределен рок во висина од над 100 000 денари на заслужни партиски активисти на ДПМНЕ како што се Влатко Ѓорчев, Лилјана Затуровска, Павле Трајанов, Ивица Боцевски и други“,

се вели во соопштението на СДСМ. 

Оттаму велат дека сега за секоја надлежност на Владата има под еден министер, заменик-министер, државен секретар, советник на премиерот и национален координатор.  

СДСМ препорачува Кочовска (министерката за финансии) да не се мачи со гасење светла и штедење на кафе во министерството. Доволно е Влатко Ѓорчев да не е вработен на државен трошок кој годишно ја чини државата околу 2 милиони денари. Лицемерието на ДПМНЕ не познава граници“,  

велат од опозициската партија.

Во реакција на ваквите наводи, од владејачката ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека обвинувањата на СДСМ кон актуелната Влада само потврдуваат дека оваа преостаната група на луѓе на „Бихаќка“ не е во контакт со реалноста која ја оставила зад себе.  

„Власта на СДСМ беше препознатлива единствено по националните координатори за криминал, за манипулации и за незаконски тендери, а тоа го потврдуваат и многубројни скандали кои ги создадоа на секој чекор. Најголем доказ за тоа се координираните активности за набавка на бифтеци, луксузни услуги и тендери со директни фаворизации“,

се вели во реакцијата од владејачката партија.  

Оттаму посочија на министри од претходните влади на СДСМ, кои, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ се некои од најпрепознатливите координатори на СДСМ, притоа набројувајќи ги Венко Филипче, Бојан Маричиќ, Артан Груби, Славјанка Петровска, Љупчо Николоски, Оливер Спасовски и Благој Бочварски.  

„Списокот на националните координатори на СДСМ е долг, но препознатлив и впечатлив во светски рамки. Такви лопови свето нема видено, а конкуренцијата е сериозна, особено со некои од африканските држави. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги разобличува овие злоуптреби и да работи на создавање на подобра иднина за Македонија и нејзините граѓани“,

велат од ВМРО-ДПМНЕ.  

Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ / Фото: „360 степени“ (Архива)

За потсетување, како што објави БИРН завчера поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, е назначен за национален координатoр за демографија, млади и човечки ресурси. 

Покрај позицијата на Ѓорчев, национални координатори ќе има за локална самоуправа, за што е назначена поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска, и за безбедност на храна, каде е поставена Верче Мицевска. 

Претходно, Владата ги назначи Павле Трајанов за национален координатор за спречување насилен екстремизам и борба против тероризмот, Блерант Рамадани за национален координатор за примена на нови технологии и Солза Грчева за национален коорди

- Реклама -