Пиперки полнети со сирење! Идеален летен ручек

Во лето пиперките се секогаш добредојдени на трпезата, па можете да направите лесен оброк за целото семејство.

Состојки:

6 пиперки

300 гр фета сирење

1 чаша кисела павлака

2 јајца

магдонос

малку масло

Подготовка:

Измијте ги и исчистете ги пиперките. Измешајте сирење, павлака и јајца, добро соединете и зачинете.

Со оваа смеса наполнете ги пиперките и наредете ги во плех подмачкан со масло.

Се пече во рерна загреана на 200 степени околу половина час.

- Реклама -