Апел на Прилеп до сопствениците на имоти во мариовското село Крушевица да појдат да ги бранат од пожарот

Прилепските локални власти, заедно со крисниот штаб, попладнето упатија апел до оние кои имаат имоти во мариовското село Крушевица за да се упатат таму, поради големата опасност од пожарот.

– Сите кои што имаат имот во селото Крушевица, ве замолуваме итно да се упатите кон своите имоти опремени со соодветна облека и алат за гаснење (лопати, гребла)! Пожарот за жал се доближува до селото, апелираме сите кои што се во можност да излезат и да помогнат, стои во апелот од општина Прилеп.

Инаку големиот пожар во Мариово не стивнува и се проширува и во пониски делови. Преку 150 професионалци се на теренот и главен приоритет им е да ги спасат населените места од опасноста на огнената стихија која опфатила преку 10 000 хектари, главно ниска вегерација, а огнената линија е на преку 30 километри. За опасноста од пожарот да влезе во селото крушевица денеска алармираше и прилепскиот кризен штаб.

Прочитајте и:  Пожарот во Мариово не стивнува: Огнената линија проширена на над 25 километри, се заштитуваат селата и објектите
- Реклама -