Вселенската патријаршија изрази желба за воспоставување заеднички датум за католичкиот и православниот Велигден

Едногласно е изразена желбата заедничкото празнување на Велигден следната година за источното и западното христијанство да не биде едноставно една среќна случајност, туку почеток на воспоставување заеднички датум за неговото годишно празнување, пишува во соопштението од Вселенската патријаршија по одржаниот Синодот на Јерархијата на Вселенскиот Престол, јави дописничката на МИА од Атина.

Во 2025 година Христовото воскресение е на ист ден, на 20 април и за православните и за католиците, а вселенската патријаршија одново ја покрена идејата за празнување на Велигден на ист ден и во иднина.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на неговиот говор на крајот на тридневниот Синод, потсетил дека на крајот од мај следната година ќе се одржи официјалната прослава на 1700-годишнината од свикувањето на Првиот Вселенски Собор со учество на поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск.

- Реклама -