Почна исплата на надоместоците за избирачките одбори за Претседателските и Парламентарните избори

Државната изборна комисија соопшти дека исплатата на надоместоците за членовите на избирачките одбори е започната и истата е во тек за Претседателските и Парламентарните избори 2024 година.

Од ДИК напоменуваат дека податоците кои стигнале до нив за членовите на ИО биле со многу технички грешки, поради што мора да вршат дополнителни проверки и корекции.
„Динамиката за постапката на исплата на надоместоците зависи од ажурноста и точноста на податоците за ИО внесени од страна на Општинските изборни комисии, односно доставени се податоци кои содржат многу технички грешки за личните податоци и истите мора да бидат проверени и корегирани поединечно во Државната изборна комисија за да бидат прифатени во системот за трезор за исплата во Министерството за финансии.“, стои во известието.
ДИК нагласува дека се работи за информации за околу 35 000 членови на избирачки одбори со податоци од единствени матични броеви и трансакциски сметки, за чија точност при внес биле задолжени општинските изборни комисии.

Извор