Еден загинат и неколкумина повредени во пожар на бензинска пумпа кај Омиш во Хрватска

Од фотографиите што ги пренесуваат хрватските медиуми може да се види дека целосно се изгорени три автомобили, еден бил опожарен, а изгорени и неколку резервоари со гориво 

ФОТО: Принтскрин

Едно лице е загинато, а неколкумина се тешко повредени откако попладнево автомобил удрил во пумпа на бензинска станица во близина на Омиш, на автопатот Загреб-Плоче во правец на Дубровник, пренесуваат хрватските медиуми.

Според директорот на Одделот за итни служби на сплитската клиничка болница, три лица се пренесени во установата со тешки телесни повреди, а дека животот на едно лице е во опасност.

Од фотографиите и информациите што ги пренесува индекс.хр може да се види дека целосно се изгорени три автомобили, еден бил опожарен, а изгорени и неколку резервоари со гориво.  

Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ изјави дека пожарот избувнал околу 17:45 часот на бензинската пумпа во одморалиштето Мосор, кое се наоѓа во близина на Омиш.

„За жал, се чини дека едно лице загина, а неколку се повредени, три лица се пренесени во болницата во Сплит“,

изјави Божиновиќ, пренесува телевизијата Н1.

Тој рече дека возилото удрило во пумпата за гориво и оти пожарот е ставен под контрола.

Во гаснењето учествувале осум пожарникари и пожарот бил изгаснат за околу 15 минути, но целата акција за гаснење траела околу еден час.

Според информациите, сообраќајот на автопатот се одвива без застои.

- Реклама -