Малолетник тешко повреден при работа на машина за сечење дрва

На 2 септември 2024 година, околу 14:45 часот, во Одделението за внатрешни работи Гостивар било пријавено дека во Ургентниот центар Гостивар е донесен малолетник со тешки телесни повреди. По преземени мерки и активности било констатирано дека малолетникот, заедно со уште две лица, бил ангажиран за сечење и цепење дрва во дворот на лицето И.Р. во гостиварското село Чегране.

Повредите биле здобиени при работа на машина за сечење дрва. На местото на настанот извршен е увид од страна на екипа од ОВР Гостивар, во содејство со инспектори од Државниот трудов инспекторат.

Извор