ЦУК: Четири активни пожари, гори во Чашка, Прилеп, Штип и во Чучер Сандево

Изгаснати се повеќе пожари во скопскиот регион, како во Општина Сопиште кај селото Јаболци, во Општина Ѓорче Петров кај селото Кучково, во Општина Бутел кај Качанички пат и кај селото Љуботен на две места, како и во Општина Гази Баба кај селото Јурумлери

Од 32 пожари на отворено, 27 се изгаснати, еден е ставен под контрола, а четири се активни, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Оттаму велат дека гори во Општина Чашка на планината Мукос кај селата Степанци, Оморани и Ораов Дол, во Општина Прилеп кај селата Пештани, Кокре и Кален, во Општина Штип кај селата Хаџи Хамзали, Едекрелци и Топлик, во близина на полигонот Криволак и во Општина Чучер Сандево, кај селото Танушевци.

Под контрола е ставен пожарот кај деморхисарското село Вардино.

Изгаснати се повеќе пожари во скопскиот регион, како во Општина Сопиште кај селото Јаболци, во Општина Ѓорче Петров кај селото Кучково, во Општина Бутел кај Качанички пат и кај селото Љуботен на две места, како и во Општина Гази Баба кај селото Јурумлери.

Изгаснати се и пожарите во Општините Куманово Липково, Старо Нагоричане, Гостивар, Врапчиште, Прилеп, Долнени, Битола, Кочани, Кичево, Струга, Штип, Теарце, Боговиње и Крива Паланка.

- Реклама -