Хамас: Ќе поддржиме договор кој вклучува траен прекин на огнот и целосно повлекување на Израел од Појасот Газа

Овие коментари доаѓаат по претходните изјави на американскиот претседател Џо Бајден кој рече дека конечниот договор за ослободување на заложниците кои ги држи палестинската терористичка група Хамас во Газа е многу блиску, но дека тој не мисли дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху прави доволно за да обезбеди таков договор

Висок член на Хамас изјави дека позитивно ќе одговорат на секој предлог што може да ги гарантира нивните услови – траен прекин на огнот и целосно повлекување на Израел од Појасот Газа, јавија денеска израелските медиуми.

Овие коментари доаѓаат по претходните изјави на американскиот претседател Џо Бајден кој рече дека конечниот договор за ослободување на заложниците кои ги држи палестинската терористичка група Хамас во Газа е многу блиску, но дека тој не мисли дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху прави доволно за да обезбеди таков договор.

Бајден разговараше со новинарите во Белата куќа откако израелските сили изминатиот викенд ги пронајдоа телата на шест заложници, меѓу кои и 23-годишниот Израелец роден во САД, Херш Голдберг-Полин. Нивните тела беа извлечени од тунел во Газа каде, како што беше соопштено, неодамна биле убиени од членови на палестинскиот Хамас.

ИДФ: Телата на шестмина заложници пронајдени во тунел и извлечени од Газа

Тоа предизвика критики за стратегијата на администрацијата на Бајден за прекин на огнот во Газа и го зголеми израелскиот притисок врз Нетанјаху да ги врати преостанатите заложници дома.

(ФОТО) Големи протести во Израел, се бара примирје со Хамас и ослободување на израелските заложници

На прашањето дали мисли дека Нетанјаху прави доволно за да го обезбеди договорот за заложниците, Бајден одговори негативно, но не даде детали.

Во врска со ова, Нетанјаху рече дека треба да се изврши притисок врз Хамас, а не врз Израел, особено по смртта на заложниците.

Тој рече дека не верува оти Бајден или некој друг кој сериозно мисли да постигне мир ќе побара од Израел да направи повеќе отстапки.

„Ние веќе ги направивме. Сега Хамас мора да направи отстапка“,

изјави Нетанјаху.

- Реклама -