Нова песна на „Паркети“

Битолскиот култен бенд „Паркети“ имаат нова песна со нов спот. Уште една паркетска рокенролска приказна во огромната книга на рокенролот.

„Паркети“ се рок, панк група од Битола формирана е во 1991 година од Сашо Паркет, Славе Паркет и Себастијан Паркет. Познати се по своите настапи во живо, изгледот и смислата за хумор.

„Паркети“ биле оформени една деценија по првиот бран на панк музикта, кога веќе сè било слушнато и видено, од Sex Pistols преку Ramones, па и Шарло акробата и Пекиншка патка на просторите на Југославија. Во Битола, на крајот на осумдесеттите години, постоеле само неколку „андерграунд“ бендови кои правеле своја музика и само едно подрумско диско каде не се слушало турбо фолк. Со падот на Југославија, државата повеќе не ги контролирала медиумите, па започнале да се отвораат нови приватни радија и телевизии, што му отворило место на сè и на секој. На Радио Битола и на некои локални телевизии започнале да се прават топ листи на „демо“ бендови на кои секој можел да гласа за својот омилен.

„Паркети“ секогаш имале препознатлив и специфичен звук. Нивните текстови секогаш имаат рима, но, како што сакаат да кажат членовите, текстовите се „апстракни“. Пример за „апстракноста“ во текстовите е песната „Супермен“ – „Нешто лета, црвено е, дали е фен? Не е фен – тоа е Супермен“.

Првиот албум го снимиле во 1996 година и е именуван „Грижа на совеста“, а вториот – „Газирана хармонија“ бил снимен во 1998 и на него бендот има различен состав, односно на местото на Сашо Паркет – вокалист е неговиот брат.

- Реклама -