Занаду: Студиото е нашата  плажа летово

„Занаду“ неодамна го објави новиот снигл „Не сакам”, како најава на вториот студиски албум на бендот. Дечките работа цело лето во студиото каде и ги сретнавме и со нив и разговаравме за она што во моментов го работат и за идните планови…

-Летово го поминавме доста работно. Полно со многу музика. Го спремавме новиот албум и мислам дека многу добро ќе испадне. Ова е нашата плажа, студиото е наша плажа летово´и се избањавме многу убаво. Мислам дек и вие се избањавте многу убаво додека не снимавте- вели Марко Атанасов – Ѕидар.

Новата песна се вика „Не сакам“, за која велат дека е малку надвор од нивната конфорна зона и не ги отсликува најдобро, затоа што тие се бенд кои „Сакаат“ пред се.

– Ова е песна која е најава за нашиот втор студиски албум кој што може да се очекува во следниве месеци. Се снима, при крај е и едвај чекам да го чуеме. „Не сакам“ како песна е некоја друга естетика на денешниот тренд музички и естетски, со тоа што ја доловуваме низ друга призма и друг спектар на чувства и ставови кои ние ги носиме и ги претставуваме секојдневно со нас, дали со музиката дали низ музика или низ некој секојдневен говор – вели Карло Јовановски.

„Занаду“, младиот бенд од Скопје, не верува во жанровски ограничувања, а на музиката гледа како слобода за канализирање на моментална емоција, импулс и енергија. Слободното течење и храброто пливање низ жанрови, ритмови и фреквенции се начини на кој се обидуваат да го пронајдат звукот коj најдобро ги дефинира.

Формирани се во 2021 година, а веќе во 2022 година го обjавуваат своjот деби сингл „Навика”, за подоцна истата година во етер да го пуштат и нивниот деби албум „Соништа” предводен од истоимениот сингл и синглот „Зборувај, замижи, побегни”.

„Занаду“ се еден од најмладите состави на „Гола Планина Колектив“. Тие пркосат со својата младешка енергија против сите ограничувања и догми и како што велат се трудат на музиката да и дадат слободен тек. Нивната цел е да бидат подобри од што биле вчера и да стигнат подалеку од сите пред нив. Сакаат да бидат токму тоа тектонско движење во општеството кое ќе предизвика и многу поголеми бранови

-Стилски и жанровски е многу чудно прашање за нашиот бенд, бидејќи ние сме бенд што не веруваме во правилата на еден жанр. Не можеме да бидеме еден ден панк, некој ден фанк, некој ден кој знае..поп…Ние не се стремиме да бидеме во еден жанр, туку си играме измеѓу линиите на жанровите. Си вадиме наша музика… – вели Андреј Крстевски.

Андреј Крстевски, Занаду

Мирко Попов велеше „Градот ме тера да пеам“. А што е она што ги тера Занаду да пеат?

-Ме тера да пеам со бендовците мои. Ме инспирираат патем можеби најмногу од сите. Навистина уживам додека правам музика со нив, а песната „ Не сакам“ е најава за нашиот втор студиски албум и самото име ако се гледа посебно не е карактеристично за нас и ни е малку надвор од конфорната зона, што ни е и поттик да твориме исто така, и ако се вратиме на инспирацијата, ете да бидеме надвор од конфорната зона затоа што ние пред се „Сакаме“ и тоа ни е исто движечки импулс што не мотивира да твориме -вели Карло.

- Реклама -