20 издание на Тамбурашки фестивал вечерва во Куманово

На градскиот плоштад во Куманово вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи дваесетото јубилејно издание на Тамбурашки фестивал.

Пред кумановци ќе настапат Марио Арангеловски, Мартинијан Кириловски, Маргица Антевска и Нино Величковски во придружба на оркестарот Табиет од Свети Николе.

Свој настап ќе има и градскиот тамбурашки оркестар Пљевљ од Црна Гора, како и Баторек.

Со овој фестивал официјално завршува програмата од Кумановското културно лето 2024.

- Реклама -