Зеленски го разреши командантот на украинските воздухопловни сили

Еден од ловците Ф-16, кој во Киев го доби на крајот на јули, се урна на 26 август, само неколку недели откако првиот авион од американско производство пристигна во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го разреши командантот на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, Микола Олешчук, откако пред неколку дена се урна борбениот авион Ф-16 од американско производство.

Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DELLA VALLE / POOL EDITORIAL USE ONLY

Зеленски објави декрет за смена на Олешчук од позицијата, посочиувајќи дека одлуката ја донел со цел да го зајакне укранското воено раководство.

Еден од ловците Ф-16, кој во Киев го доби на крајот на јули, се урна на 26 август, само неколку недели откако првиот авион од американско производство пристигна во Украина.

Олешук беше назначен за командант на воздухопловните сили на 9 август 2021 година.

И покрај новите испораки на оружје, украинските вооружени сили постојано се во неповолна положба, бидејќи западните ограничувања ја спречуваат Украина да користи оружје со долг дострел за напади длабоко во руската територија.

- Реклама -