Еден активен пожар во државата

Активен е пожарот меѓу селата Едеклерци и Хаџи-Хамзали, префрлен на армискиот полигон „Криволак“, на територија на Општина Штип. Зафатени се нискостеблеста шума и сува трева

Од вкупно 22 пожари на отворено во последното деноноќие, во моментов еден е активен, а еден е ставен под контрола, информираат утринава од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Илустративна фотографија

Во моментов активен е пожарот меѓу селата Едеклерци и Хаџи-Хамзали, префрлен на армискиот полигон „Криволак“, на територија на Општина Штип. Зафатени се нискостеблеста шума и сува трева.

Под контрола е пожарот меѓу општините Чашка и Долнени. Таму е опожарена мешана шума.

Како што информираат од ЦУК, изгаснати се 20 пожари.

- Реклама -