Неколку физички напади вчера во регион на Гостивар

СВР Тетово регистрира неколку случаи на физички напади изминатото деноноќие на гостиварско подрачје.

Вчера (27 август) во 09.30 часот во ОВР Гостивар, Х.М. (26) од  Балиндол пријавил дека пред неговиот дом додека биле со неговиот татко А.М. и дедото Б.М. дошол Е.Ф. и физички ги нападнал, а употребил и тврд предмет. А.М. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицински центар Гостивар, а Х.М. и Б.М со повреди, извести полицијата.
Исто така вчера во ОВР Гостивар 61-годишна жена од Гостивар пријавила дека во нејзиниот стан дошол Ф.Н. од Гостивар, невенчан сопруг на нејзината ќерка, кој агресивно се однесувал и физички ја нападнал пријавителката, по што ја принудил нејзината ќерка да оди со него и заминале од станот.
Во 18.10 часот пак, во ОВР Гостивар, Н.А. од Сенакос пријавил дека неговиот син А.А. (26) физички ги нападнал него и неговата сопруга.
СВР наведува дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Извор