ВИДЕО| Летовите на ракетата „Falcon 9“ запрени поради неуспешното слетување на Земјата


Американската Федерална управа за авијација (FAA) во средата соопшти дека летовите на ракетата „Falcon 9“ на компанијата „SpaceX“ се суспендирани откако таа не успеала да слета во текот на рутинската мисија за поставвуање на сателитите „Starlink“.

Ракетата „Falcon 9“ успешно во средата рано утрото ја постави во орбитата на Земјата групата интернет сателити „Starlink“. Ракетата за повеќекратна употреба се врати на Земјата и се обиде нормално да слета на платформа на море, но поради несмасниот пристап, се преврте во океанот, како што се гледа на директниот пренос на „SpaceX“.

„Инцидентот вклучуваше неуспешно слетување на ракета Felcon 9 на морската платформа. Нема извештаи за повредени или оштетувања на јавна сопственост. FAA побара отворање истрага“, изјави портпаролот на федералната агенција.

Суспендирањето на летовите на ракетата „Falcon 9“, на која САД и нивните западни сојузници полагаат надежи и се потпираат за испраќање сателити и луѓе во вселената, не е вообичаена појава. Последен пат тоа се случи во јули, првпат од 2016 година, откако дефект во вселената ја направи неупотреблива група сателити „Starlink“.

FAA ги регулира активностите на приватните ракети и локациите за лансирање за да не влијаат на јавната безбедност. Во средата, агенцијата побара од „SpaceX“ да отвори истрага што ќе ја надгледува FAA.

- Реклама -