Македонски државјанин загина во сообраќајка во близина на Кукуш во Грција

Со другото возило управувала 44-годишна жена која се наоѓа на лекување во болница во Кукуш. Покрај неа, во возилото имало и 38-годишен маж и две три годишни девојчиња, кои се сместени во болница во Солун

Македонски државјанин вчера попладне загина во сообраќајна несреќа што се случи на северот на Грција, во близина на Кукуш, информираат грчки медиуми.

Фото: Принтскрин

Во сообраќајката, според грчки медиуми, загинал 55-годишен државјанин на Северна Македонија откако неговиот автомобил со кој се движел кон Кукуш вчера попладне, нешто по 17 часот, директно се судрил со друго возило управувано од 44-годишна жена.

На местото на несреќата, покрај полициските екипи, пристигнале и пожарникари кои го извлекле телото на 55-годишниот возач, кој веднаш бил пренесен во болница во Солун, каде што била констатирана смрт.

Со другото возило управувала 44-годишна жена која се наоѓа на лекување во болница во Кукуш. Покрај неа, во возилото бил и 38-годишен маж и две тригодишни девојчиња, кои сега се сместени во болница во Солун.

Засега не се познати причините за несреќата, но според најавите на грчки медиуми истрагата ќе ја врши Сообраќајната полиција во Кукуш.

- Реклама -