ПИЛЕШКА СУПА: Помага кога сте настинати, освојува на прв залак!

Потребно е:

2 литри вода
2 пилешки батаци
3 средни моркови
3 средни пашканати
1 главица кромид
малку свеж лист магдонос
малку тестенини за супата
бибер

Подготовка:

Истурете 2 литри вода во тавата, а потоа додадете батаци. Ставете на шпорет и загрејте. За тоа време исечете го морковот, пашканатот на прстени, а главата на кромидот на четвртинки. Додадете во тенџерето со пилешкото и варете најмалку еден час. Вареното месо извадете го, ситно исечкајте го и вратете го во супата. Додадете тестенини и магдонос. Зачинете. Послужете ја супата топла. Добар апетит!

- Реклама -