Времето денеска: Сончево и многу топло, од четврток дожд и постепено заладување

Нестабилно време синоптичарите најавуваат од четврток кога на повеќе места во земјата се очекува пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата во овој период ќе биде во постепено опаѓање

Денеска времето во земјава ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од северен правец.  

Временска прогноза за 25.08.2024 г. / Извор: УХМР

Минималната температура се движи во интервал од 12 до 20 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 7.  

И во Скопје, според синоптичарите, денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура во главниот град се спушти до 18 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне 37 степени.  

Според УХМР, од денеска во попладневните часови, претежно во планинските подрачја, ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд проследен со грмежи.  

Нестабилно време синоптичарите најавуваат од четврток кога на повеќе места во земјата се очекува пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата во овој период ќе биде во постепено опаѓање.  

- Реклама -