Пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска, смета дека наставниците имаат законско право на покачување на платите од 12 отсто

„Излажаа и за функционерските плати, а не сакаат да ја покачат минималната плата. Се најавува дека нема да има покачување ниту на платите во образованието. Во буџетот има пари за сè и власта треба да ги зголеми платите, треба да ја зголеми и минималната плата“, смета пратеничката Тренчевска

Јована Тренчевска – пратеничка од СДСМ / фото: „360 степени“ (архива)

ВМРО-ДПМНЕ ги излажа работниците и сега нема покачување на платите, нема за администрација, за образование, за здравство, нема ниту поголема минимална плата. Ова во интервју за ТВ Сител го кажа пратеничката на опозицискиот СДСМ, Јована Тренчевска.

Таа смета дека во буџетот има пари за сè и дека власта треба да ги зголеми платите, како и минималната плата.

„Излажаа и за функционерските плати, а не сакаат да ја покачат минималната плата. Се најавува дека нема да има покачување ниту на платите во образованието. Во буџетот има пари за сè и власта треба да ги зголеми платите, да ја зголеми минималната плата. Треба да се почитуваат колективните договори, а платите во образование треба да се покачат за 12 отсто во септември, тоа е и законска обврска“,

рече Тренчевска.

Тренчевска постети и дека ВМРО-ДПМНЕ за време на кампањата ветуваше зголемување на пензиите од 5 000 денари но, како што рече, не на рати – во септември и во март наредната година. Таа смета дека пензионерите на овој начин се излажани.

„Пензионерите наместо 5 000 денари, како што им ветуваа, сега се најавува дека 2 500 денари ќе биде. До март има шест месеци, значи секој пензионер губи 15 000 денари од она што им беше ветено. Тоа е една работа, втора е дека не се знае дали усогласувањето на пензиите ќе постои. Тоа значи дека нема да добијат пензионерите повеќе од 1 000 денари, а ако оди само со 2 500 денари не добиваат сите пензионери, некои губат“,

смета Тренчевска.

Пратеничката Тренчевска рече дека изјавите на премиерот Христијан Мицкоски и на дел од министрите во новата влада ја потсетуваат на периодот 2008-2016 година кога, според неа, власта вршела политички притисок врз синдикатите и се замолчувале работниците, а власта сакала да има свој синдикат со кој нема да има дијалог, а сите погрешни политики ќе бидат аминувани.

„Сето ова што го кажува премиерот навистина загрижува. Власта треба да ги тргне рацете од синдикатот и наместо да го оцрнува, треба да води социјален дијалог, она што го правевме ние изминатите седум години, да води дијалог, да зголемуваат плати и да ги унапредуваат работничките права“

порача таа.

- Реклама -