Фестивал „Ноќи на Хичкок“ во Задар

Од 25 август до 1 септември, Задар повторно станува центар на филмската магија во Хрватска, прославувајќи го делото и наследство на големиот Алфред Хичкок со фестивалот „Ноќите на Хичкок“. Со фестивалот оваа година се одбележува 60-годишнината од доаѓањето на Хичкок во Задар.

Задарска Рива

Тој во мај 1964 година престојувал во хотел Бристол и набљудувајќи го зајдисонцето од прозорецот на собата 204, напишал: „Зајдисонцето во Задар е најубавото на светот и е неспоредливо поубаво од она во Ки Вест, Флорида“.

Хичкок бил воодушевен и од скалите во хотелот, кои ги вклучил дури и во филмот Вертиго.

Фестивалот „Ноќите на Хичкок“ е начин градот Задар да му се заблагодари и да му се оддолжи на големиот режисер.

Фестивалот ќе биде отворен на 25 август со филмот „North bz Northwest“, акционен, шпионски трилер во Музејот на античко стакло.

Средината на неделата е посветена на филмот „Spellbound“, ноар, повоен филм, а за крај ќе биде прикажан трилерот „Call M for Murder“ кој годинава одбележува 70 години од првта проекција.

Задар зајдисонце

Во склоп на фестивалт ќе биде организрани и настанот „Предавања за филмскиот модернизам“, како и изложувањето на автопортретот на Хичок и изложбата на конкурсни фотографии во едукативната сала на Палатата на Војводата во понеделник на 26 август.

Прочитајте и:  Хип Хоп Фест во Гази Баба

Исто така, за прв пат во Задар ќе биде изложен цртеж, автопортрет на Хичкок, создаден во Задар при неговата посета. Станува збор за брз цртеж, карикатура што му ја подарил на семејството Бркан.

За време на фестивалот ќе се одржи и филмска работилница наречена „Создавање тензија во трилер“, предводена од Дино Јулиус и Лука Хрговиќ (познати по филмските проекти „Slice of Life“ и „Splashback“). Наменета е за сите љубители на филмот кои сакаат да се нурнат подлабоко во светот на создавање напнатост на филмот.

Алфред Хичкок

Освен Хичкок, за магијата на зајдисонцето во Задар пишувал и Ернест Хемингвеј. Познати се неговите зборови дека зајдоснцето во Задар е едно од најубавите во светот.

- Реклама -