Судот треба да одлучи за долгот на МОН кон ЈСП за бесплатниот студетски превоз, смета Јаневска

„Нема спогодба, нема договор, нема Владина одлука. Така што, јас повторувам, и да сакам не можам, а јас сакам студентите да имаат слободен превоз и за следната година. Ние планираме средства за слободен превоз на студентите. Но, тоа мора да се реши на поинаков начин. За мене како министер начинот е судот да одлучи, како ќе одлучи судот така ќе постапуваме“, изјави денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска

Нема правен основ по кој Министерството за образование и наука (МОН) би го платило долгот од осум милиони евра кон ЈСП „Скопје“ за бесплатниот студентски превоз, изјави денеска ресорната министерка Весна Јаневска.

Министерката за образование и наука одговара на новинарски прашања за време на посетата на Штип / Фото: Принтскрин

Одговарајќи на новинарски прашања за време на денешната псоета на Штип, таа рече дека фактурите се пристигнати, но бидејќи нема спогодба, договор, ниту пак Владина одлука, Министерството нема како да ги плати тие средства.  

Решението таа го гледа во судот, кој, според неа треба да пресече за конкретнаата ситуација.

„Нема правен основ по кој Министерството би го исплатило тој долг. Нема спогодба, нема договор, нема Владина одлука. Така што, јас повторувам, и да сакам не можам, а јас сакам студентите да имаат слободен превоз и за следната година. Ние планираме средства за слободен превоз на студентите. Но, тоа мора да се реши на поинаков начин. За мене како министер начинот е судот да одлучи, како ќе одлучи судот така ќе постапуваме“,

изјави Јаневска.

Говорејќи во таа насока, министреката повтори дека за идната година Министерството за образование и наука и Владата имаат планирано средства за слободен превоз на студентите.

Претходно, Јаневска, исто така, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека се планира да се издвојат повеќе средства за студентски оброк. Таа рече дека во моментов не може да каже за колку ќе биде зголемен студентскиот оброк, бидејќи како што додаде, сe зависи од буџетските средства кои ќе им бидат дадени на располагање.

„Што се однесува до студентскиот стандард студентите не треба да имаат дилема дека Министерството ќе биде постојан нивен соработник, партнер и поддржувач, всушност ќе биде најголем нивен поддржувач, па оттука еве им испраќам порака дека – да, размислуваме за покачување на студентскиот оброк. Влеговме во проект на реновирање на студентските домови за тие да имаат подобри услови за живот и учење и факт е дека капацитетите се малку намалени, но се обидуваме тоа да го решиме со тоа што ќе ги пренасочиме дел од студентите кон употребливите ученички домови и ќе се погрижиме максимален број на студенти да добијат легла за да можат нормално да живеат во градовите каде што ќе студираат“,

рече Јаневска.

- Реклама -