МАЧА ЧИЗКЕЈК: Класика на поинаков начин која ќе ја обожавате, идеална за топлите денови

За основата:

200 гр чоколаден бисквит
45 гр путер

За кремот:

450 гр крем сирење
135 гр шеќер
2 јајца
2 лажици мача зелен чај во прав
1 лажичка екстракт од ванила

За декорација:

јагоди, или други бобинки

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 175 степени. Бисквитот изблендирајте го што поситно. Во садот ставете ги бисквитот и растопениот путер и убаво измешајте. Истурете во плех обложен со хартија за печење. Основата се пече 10 минути во рерна загреана на 175 степени. Извадете го калапот и намалете на 150 степени. Во поголем сад ставете ги крем сирењето и шеќерот, па матете три минути додека не добиете кремаста смеса. Продолжете со матење, па додадете ги јајцата едно по едно. Додадете мача во прав и екстракт од ванила и матете додека смесата не стане компактна. Истурете ја смесата во калапот и печете 45 минути. Оставете ја во рерна со отворена врата неколку минути, а потоа извадете ја и оставете ја да се излади. Оставете ја тортата неколку часа во фрижидер, па декорирајте со мало овошје. Добар апетит!

- Реклама -