,,Мојот Маж” на Драмски Театар- на „Фестивалот на медитеранскиот театар Пургаторије 2024“ во Тиват

Претставата ,,Мојот Маж” на Драмски Театар, во недела на 25 август гостува на „Фестивалот на медитеранскиот театар Пургаторије 2024“ во Тиват.

,,Мојот маж” е изградена од два меѓусебно испреплетени материјали, и тоа, драматизацијата на шесте раскази (Супа, Празно гнездо, Прељубник, Осми март, Гени и Лиле) и документарениот материјал произлезен од авторските монолози. Дејствата/состојбите од расказите на Бужаровска, како и документарниот дел (авторските монолози) тематски се цврсто поврзани со поднебјето и времето во кое се одигруваат, без притоа да се засноваат на дневно-политички актуелности. Расказите и авторските монолози имаат за цел да поттикнат надминување на стереотипите и предрасудите, и отворено инсистираат на судир помеѓу традиционалното и современото.

Сега, денес, сеуште имаме потреба да се соочиме со сегашноста преку ревидирање на минатото.

Играно-документарниот пристап, како жанровска определба и драматуршко режисерски концепт, е сеприсутен на европските театарски сцени, но е кревок/редок пример на македонската театарска сцена. Играно-документарниот пристап нуди едно сосема ново, поинакво театарско искуство, кое предизвикува силни емоции и соочување со себе и од себе, со себе кон другиот, од другиот кон себе. Тоа е редок колективен чин кој не е приземно сентиментален и патетичен, туку напротив длабоко е емпатичен и хуман. Присутноста на театарска спонтаност (кај актерот и гледачот) доведува до ослободување и отвара простор за различна театарска перспективност.

Прочитајте и:  Претставата,,Мојот маж” на Драмски театар ја доби наградата за ,,Актерска бравура” на фестивалот ,,Пургаторије 2024”

Режијата е на Нела Вотошевиќ, а драматизацијата е на Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова – Петровска. Драматург е Викторија Рангелова – Петровска.

Улогите се на Сара Климоска, Емилија Мицевска, Наталија Теодосиева, Сања Арсовска, Трајанка Илиева – Вељиќ, Игор Ангелов, Филип Трајковиќ и Исмет Шабановиќ.

- Реклама -