Тројца загинати, од кои две деца, во железничка несреќа во Србија

Српските медиуми објавија дека во автомобилот имало четири лица – возачот и татко со две деца. Според првичните информации, возачот и децата загинале, додека таткото е тешко повреден. Загинатите деца се момче и девојче на возраст од 12 и 14 години

Фото: архива

Три лица, меѓу кои две деца, загинаа во железничка несреќа на пругата меѓу Лазаревац и Лајковац во селото Петка, а едно лице е тешко повредено, соопшти „Железничка инфраструктура на Србија“, објави Н1.

Според извештаите, се судриле воз и автомобил на железнички премин обележан со светлосни и сообраќајни знаци.

Железничка инфраструктура на Србија прецизира дека загинал возачот на автомобилот. Медиумите претходно објавија дека во автомобилот имало четири лица – возачот и татко со две деца. Според првичните информации, возачот и децата загинале, додека таткото е тешко повреден.

Српските медиуми јавуваат дека загинатите деца се момче и девојче на возраст од 12 и 14 години.

Во соопштението, „Железничка инфраструктура на Србија“ нагласува дека сите уреди на патниот премин биле вклучени и целосно функционални, но возачот на патничкото возило не ги почитувал. Се додава дека на местото на настанот веднаш излегле полицијата и Итната помош.

„’Железничка инфраструктура на Србија’ уште еднаш предупредува и апелира да се почитуваат прописите и сообраќајната сигнализација на патните премини, да се вози внимателно и одговорно. Само така може да се спречат вакви несреќи и да се спасат човечки животи“,

се вели во соопштението.

Несреќата се случила денеска во 12 часот и 45 минути кога на линијата Пријепоље – Белград се судриле патничкиот воз и автомобилот.

- Реклама -