Тешко повредено момче во несреќа на патот Тетово-Гостивар

МВР информира дека вчера (17 август) во 7.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово –Гостивар, во близина на клучка Камењане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв” со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Х.(24) од Радишани, скопско и товарно возило „фиат” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Х.(51) од Гостивар.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Т.(22) од Радишани, сопатник во возилото „бмв“, констатирани во Клиничка болница Тетово, извести МВР.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово.

Извор