Промовиран е новиот сингл „A mami jo“ од Just RB & Nikifor, кој е дел од нивниот албум „African Queen“.
Just RB & Nikifor напорно работат на овој албум, а до сега веќе официјално се пуштени три синглови, вклучувајќи го и „A mami jo“.
Претходно беше промовирана remake верзијата со Тамара за песната “Zovi me Lena”.
Оваа песна носи свеж и енергичен звук, со уникатен спој на африкански ритми и модерна продукција и е наменета да го привлече вниманието на љубителите на музиката насекаде. „A mami jo“ има потенцијал да стане вистински хит, благодарение на својата заразна енергија и уникатен стил.