Израелците на протест побараа прекин на огнот со Хамас и нови избори во земјата

Освен повик за мир, демонстрантите повторно повикаа на оставка на владата на чело со Бенјамин Нетанјаху и одржување нови избори во земјата

Десетици илјади луѓе вчеравечер повторно излегоа на улиците низ Израел, барајќи прекин на огнот со палестинската милитантна група Хамас.

Од синоќешните протести во Израел / Фото: EPA-EFE/STR

Во новата серија протести, толпата, вклучително и роднините на заложниците држени во Појасот Газа, од улиците на Тел Авив апелираше на враќање на членовите на нивните семејства. Ги повикаа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот преговарачки тим да стигнат до мировен договор што е можно поскоро.

Освен повик за мир, демонстрантите повторно повикаа на оставка на владата и одржување нови избори.

Во меѓувреме, американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска се очекува да пристигне во Израел со цел, како што соопштија од официјален Вашингтон, да продолжи со интензивните дипломатски напори во контекст на преговорите за прекин на огнот во Газа.

- Реклама -