ЧОКОЛАДНИ МАФИНИ: Неодоливи залчиња кои се топат во устата, а се совршени за гости

Потребно е:

300 гр брашно
150 гр шеќер
1 прашок за пециво
2 лажици какао
100 гр чоколадо
3 dl млеко
1,5 dl масло
1 јајце

Подготовка:

Во сад измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за пециво, какаото и чоколадото. Во друг сад изматете го млекото, маслото и јајцето. Соединете ја влажната и сувата смеса. Калапот за мафини обложете го со хартиени корпи. Печете ги мафините околу 15 минути, во рерна загреана на 200 степени. Добар апетит!

- Реклама -