Пожарот кај Гари ставен под контрола

Во гасењето на пожарот, како што посочи командирот на дебарската противпожарна бригада Џетан Мифтароски, во извесна мера помогнал и краткотрајниот дожд кој иако не бил обилен, бил во прилог на гасењето на огнот

Големиот пожар над дебарското село Гари е ставен под контрола и нема опасност по ова и по околните села, изјави за МИА командирот на дебарската противпожарна бригада Џетан Мифтароски.

„Со максимални напори на нашите пожарникари и вработените на подружницата ‘Стогово’ на ЈП ‘Национални шуми’ успеавме да ја отстраниме секоја можна опасност од проширување на пожарот“,

изјави командирот на ТППЕ Дебар.

Во гасењето на пожарот, како што додава Мифтароски, во извесна мера помогнал и краткотрајниот дожд кој иако не бил обилен, бил во прилог на гасењето на огнот.

Пожарот беснееше три дена и постоеше опасност да се прошири до селото Гари, а потоа и до селото Овој.

„Опжарени се над 70 хектари. Првите два дена гореше сува трева и ситностеблеста шума, но денеска зафати и високостеблеста шума. Апелирам до граѓаните да бидат совесни и да ја почитуваат препораката за забрана на движење во шуми“,

апелира Мифтароски.

- Реклама -