Во Европа, жените читаат повеќе книги од мажите

Младите на возраст од 16 до 29 години читаа најмногу книги во Европа, објави Еуростат. Речиси 60,1% од младите на оваа возраст прочитале најмалку една книга во изминатата година.

Слично на тоа, 60,5% од жените прочитале барем една книга, во споредба со 44,5% од мажите.
Навиките за читање исто така варираат во голема мера низ Европа, при што Швајцарија, Луксембург и Данска се појавуваат како најстраствени нации за читање.

Во однос на навиките за читање, нив најмногу ги имаат Полјаците, Шпацнци и Литванци.

Најмалку книги изминатава година според „Еуростат“ имаат прочитано Словенците и Белгијците, а најмалку навика за читање имаат жителите на Италија, Кипар и Романија.

- Реклама -