ЦУК: Регистрирани вкупно 35 пожари, активни се 17

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска до 19 часот регистрирани се вкупно 35 пожари, изгаснати се 13, под контрола се пет, а активни се 17.

Галичица во пламен / фото: ЦУК

Активни се пожарите на следните локации:

  1. МАКЕДОНСКИ БРОД 1: Јасен – Белица (гасне еден хеликоптер на МВР, 60 припадници на АРМ, три ТППЕ возила, НШ, 4 НП, гори борова шума);
  2. РЕСЕН и ОХРИД: Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, Општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа (гасне еден „Ертрактор“ на ДЗС на ресенска страна,120 лица вкупно – ДЗС, ТППЕ, НП, Планинска спасителна служба, доброволци и други лица, а гори нискостеблеста вегетација и букова шума);
  3. ДОЛНЕНИ: с. Дебреште, крак кон с. Зрзе (Осум ТППЕ, НШ, месно население, како и крак кон с. Крапа, Општина Македонски Брод, гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева);
  4. НОВАЦИ: с. Полог – Брник – Ивени – Рапеш – Паралово (Шест ТППЕ, месно население, гори ниска вегетација, деградирана шума);
  5. КИЧЕВО 1: с. Цер, планина Љубин (гасне еден хеликоптер на МВР, 25 МВР, 20 АРМ, 5 ДЗС, проширен е кон селата Брезово и Зашле, Општина Демир Хисар, гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева и ниска вегетација);
  6. КИЧЕВО 2: с. Патеец – с. Козичино, проширен кон с. Дупјани (5 НШ, гори борова и букова шума);
  7. ВАЛАНДОВО: с. Казандол, м.в. Чештово (6 ТППЕ, 4 НШ, едно ловечко друштво, гори нискостеблеста шума, прнар, сува трева);
  8. ПЛАСНИЦА: с. Пласница – с. Латово, Македонски Брод (нискостеблеста вегетација);
  9. МАКЕДОНСКИ БРОД 2: с. Девич, м.в. Вртешка (мешана шума)
  10. ДЕБАР: с. Гари на планина Стогово (10 НШ, гори мешана шума);
  11. ЧАШКА: с. Мокрени (10 НШ, 4 ТППЕ, 7 месно население, гори нискостеблеста дабова шума);
  12. МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА: с. Цера (4 ТППЕ, 1 НШ, гори мешана шума, повторно се разгорел на еден крак);
  13. ВАСИЛЕВО: м.в. Карбино (З ИК Слобода, кон с. Владевци 20 ТППЕ, гори нискостеблеста шума, стрништа, сува трева, грмушки);
  14. САРАЈ: с. Кондово (5 ТППЕ, гори ѓубре и сува трева);
  15. СТРУГА 1: с. Велешта – с. Долна Белица (2 ТППЕ, горат стрништа и сува трева);
  16. СТРУГА 2: с. Мороишта – с. Мислешево (4 ТППЕ, горат стрништа и сува трева):
  17. ГЕВГЕЛИЈА: с. Давидово (4ТППЕ, горат грмушки и сува трева).

Под контрола се пожарите во:

  1. МАКЕДОНСКИ БРОД: с. Грешница (мешана шума);
  2. ДЕМИР ХИСАР: Илинска-Плакенска Планина, кај селата Вирово и Слоештица (8 НШ, 4 месно население, гори ниска вегетација);
  3. ДЕЛЧЕВО: Депонија Делчево (1 ЈКП);
  4. ЧАШКА 1: с. Папрадиште и с. Ореше (1 НШ, гори мешана шума);
  5. ЧАШКА 2: Планина Мукос кон с. Дреновци, Општина Прилеп (мешана шума);

Тринаесетте изгаснати пожари гореле во:

  1. БИТОЛА: с. Острец (2 ТППЕ, 4 НШ,2 НП, 3 РЕК Битола месно население, горела сува трева, мешана шума);
  2. ЧЕШИНОВО ОБЛЕШЕВО: с. Уларци (2 ТППЕ, горело стрниште);
  3. ПРОБИШТИП 1: с. Ратковица (2 ТППЕ, горела мешана шума);
  4. ПРОБИШТИП 2: с. Лезово (2 ТППЕ, горела нискостеблеста вегетација);
  5. ПЕХЧЕВО: с. Негрево (10 НШ, 6 ДЗС, 2 ЕЛС, горела мешана шума);
  6. РЕСЕН : с. Болно – с. Илино (16 НШ, горела букова шума);
  7. КАВАДАРЦИ: с. Ваташа, м.в. Фуштани (5 ТППЕ, горела ниска вегетација и сува трева);
  8. КУМАНОВО: локалитет Менкова Колиба (3 ТППЕ, гореле стрниште и сува трева);
  9. СТАРО НАГОРИЧАНЕ: с. Младо Нагоричане (2 ТППЕ, гореле стрниште и сува трева);
  10. ЖЕЛИНО: с. Чифлик (4 ТППЕ, горела сува трева);
  11. ГОСТИВАР 1: с. Балиндол (3 ТППЕ, горела сува трева);
  12. ГОСТИВАР 2: с. Неготино (3 ТППЕ, горела сува трева);
  13. РАДОВИШ: с. Подареш (2 ТППЕ, горела депонија).

- Реклама -