Две лица лишени од слобода за нападот врз малолетници во Гостивар

На 15.08.2024, полициски службеници од ОВР Гостивар и Полициското одделение Галате ги лишиле од слобода А.Д.(21) и А.Д.(18), двајцата од Градец, поради основано сомнение дека на улица ,,Браќа Ѓиноски“ во Гостивар физички нападнале тројца малолетници од гостиварска Лакавица, соопшти СВР.

Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок, извести полицијата.

Извор