Уапсен капетан на грчки траект бидејќи отплови додека автомобил се обидуваше да влезе во бродот (ВИДЕО)

Возила и патници доцна синоќа не успеаја да се влезат во траектот на грчкиот остров Андрос, откако капетанот поради силниот ветер и брановите, одлучи експресно да отплови, затворајќи ја портата во моментите кога еден автомобил се обидуваше да влезе во бродот, а по инцидентот уапсен е капетанот за загрозување на безбедноста на патниците, јави дописничката на МИА од Атина.

Откако видеото од инцидентот беше објавено на социјалните мрежи, а на кое се гледа како членовите на екипажот го туркаат автомобилот назад на пристаништето, по што портата се затвора и траектот отпловува, од Министерството за поморство и островска политика на Грција соопштија дека надлежниот министер Христос Стилианидис наредил итно расчистување на случајот и апсење на капетанот.

Објаснија дека траектот го чекале десет патници и четири возила, а од само тројца патници и едно возило влегле во бродот, а поради лошите временски услови капетанот оценил дека е небезбедно да остане подолго време на пристаништето.

При инцидентот нема повредени, а автомобилот претпрел помала материјална штета.

- Реклама -