Рецепт: Летен сендвич со туна и авокадо кој ќе ве освежи на топлите температури

Сендвич кој брзо се подготвува и ќе ве наполни со енергија.

Состојки:

– 1 конзерва туна во сопствениот сок, добро исцедена
– 1 авокадо исечкано на кришки
– 4 кришки интегрален леб
– 1/2 црвен кромид, тенко исечен
– свеж магдонос или коријандер, сецкан
– сок од 1 лимон
– сол и бибер, по вкус
– маслиново масло

Подготовка:

Во сад изгмечете ја туната со вилушка. Додадете сечкан црвен кромид, сечкан магдонос или коријандер, сок од лимон, малку маслиново масло, сол и бибер по вкус.

Добро измешајте.

На кришките интегрален леб намачкајте ги исечканите парчиња авокадо, а потоа врз авокадото премачкајте ја подготвената смеса од туна.

Покријте ги сендвичите со преостанатите парчиња леб. По желба можете да додадете дополнителен зачин или да посипете со свежи билки.

Сендвичите послужете ги веднаш или ставете ги во фрижидер пред послужување.

- Реклама -