Работилница за Хаига – стил на јапонско сликање

На 28 септември во 18.00 часот во Атељето за цртање и сликање на Илинденска ќе се одржи евднодневна работилница за Хаига – стил на јапонско сликањена.

На работилницата учесниците ќе се запознаат со тајните и техниката на изворното хаику и преку контемплација и креативност ќе создадат хаику песна под водство на нашата поетеса Елена Пренџова. Крајната цел е да се создаде ликовно дело, акварел по инспирација на напишаната хаику песна. Во делот за сликање со водени бои со учесниците ќе работи ликовната уметница Лара Ташковска.

Хаига (俳画, хаикаи што значи цртеж) е стил на јапонско сликање што ја вклучува естетиката на хаикаи. Хаигите обично се насликани од хаику поети (хаиџин) и често придружени со хаику песна. Како и поетската форма што ја придружува, хаигата се заснова на едноставни, но често длабоки набљудувања на секојдневниот свет.

Елена Пренџова е поетеса и слемерка. Дипломирала и магистрирала на Филолошкиот факултет во Скопје. На книжевната сцена е присутна скоро две децении, како авторка на десетина поетски збирки, од кои четири се наградени со национални награди.

- Реклама -