Извонреден концерт на Националниот Џез Оркестар и Васил Хаџиманов

Совршен енергетско-музички спој ја обои вчера вечер охридската летна сцена. Оваа возбудлива концертна ноќ, ќе биде запаметена по изведба на исклучително квалитетен светски саунд, раскошна џез вибрација која го разбранува охридското крајбрежје и која ја комплетираше сликата на културниот живот во Охрид, создавајќи неизбришлива концертна меморија.

Хаџиманов го поздрави институционалното врамување на џезерите, нарекувајќи го преседан во препознавањето на работата на кретивни поединци, и рече дека е вистинска чест да се биде гостин на концерт со Националниот џез оркестар. Виртуозноста на Хаџиманов беше надополнета со богатата звучна палета на биг бендот, кој под водство на Емин создаде богат и динамичен звук.

Една од најелитните сцени во Охрид, Долни Сарај, беше исполнета до последно место на концертот на Националниот џез оркестар со џез пијанистот Васил Хаџиманов. Публиката не го криеше воодушевувањето а честите спонтани аплаузи ги поздравија музичарите во неколку наврати. Оваа возбудлива концертна ноќ, ќе биде запаметена по изведба на исклучително квалитетен светски саунд, раскошна џез вибрација која го разбранува охридското крајбрежје и која ја комплетираше сликата на културниот живот во Охрид, создавајќи неизбришлива концертна меморија.

Под диригентско водство на маестро Џијан Емин, оркестарот непогрешливо ги везеше аранжманите на композициите на Васил Хаџиманов давајќи им нов живот и поинаква димензија на звукот. Нашите музичари од Националниот џез оркестар, во комбинација со пијано изведбите на Хаџиманов, и перкусионистот Ратко Даутовски,како и белградскиот саксофонист Рацко Обрадовиќ, беа синхронизирани во една совршена музичка целина. Хаџиманов и Националниот џез оркестар се совршен спој ако се земе во предвид енергијата со која зрачеше концертот. Настапот се состоеше од едни од најпознатите композиции на Хаџиманов, кои звучеа моќно и суптилно во интерпретација на Биг Бендот. Аранжманите на Владимир Николов и Тони Китановски беа совршено вклопени, а нивните аранжмански иновации, во комбинација со суптилната и динамична свирка на Хаџиманов, донесоа поинаква перспектива на звукот на која публиката не остана рамнодушна. Виртуозноста на Хаџиманов беше надополнета со богатата звучна палета на биг бендот, кој под водство на Емин создаде богат и динамичен звук.

Раскошните светски настапи на Националниот џез оркестар, летово го возбудија и регионот, поточно Хрватска и Албанија. Трите концерти од мини турнејата, кој хрватските медиуми ги нарекоа „епски“, оставија силен впечаток врз музичката критика и публиката, а импресиите, медиумите ги одбележија со бројни написи во престижните гласила. Овие концерти, како и претходните изведби со Курт Елингтон, потоа концертот со гостување на Џон Рајли на тапани диригиран од Зиги Фајгл, концертните изведби со аранжамни на музиката Рамбо Амадеус, Националниот џез оркестар, на сцената на Долни Сарај во Охрид со Хаџиманов, уште еднаш успешно го надгради своето музичко досие. Со ова се заокружува летната концертна сезона на Националниот џез оркестар, до следното музичко изненадување.

Текстот е осврт на Ана Василевска објавен на ФБ страната на Националниот џез оркестар.

https://www.facebook.com/share/p/QK4rNH75JwL3WR75/?mibextid=oFDknk

Фото: Огнен Ацевски

- Реклама -