Моќните жени на „Манаки“: Ерика Адис

Во серијата моќните жени на кои Филмскиот Фестивал „Браќа Манаки“ им оддава почит, е Ерика Адис.

Адис е една од најценетите кинематограферки во Австралија, којашто ја започна нејзината филмска и телевизиска кариера во локални независни продукции. По дипломирањето на Австралиското училиште за филм и телевизија во 1979 година, работи на долги и кратки играни, документарни и експериментални филмски и телевизиски проекти.

Ерика Адис беше претседателка на австралиското Здружение на жени во филмот и телевизијата (WIFT) и инволвирана е во програмата за менторство, која има за цел да ја поттикне и да ја поддржи професионалната кариера на жените, промовирајќи го родовиот диверзитет во филмската индустрија.

Таа ја препознава моќта и важноста на женската перспектива зад камерата, во кадрирањето, осветлувањето и создавањето значајни приказни, преку силата на подвижните слики.

Прочитајте и:  Bизуелната асоцијација на гоблените е мотив за годинешниот плакат на ,,Манаки”

- Реклама -