МИМОЗА САЛАТА: Кралица на трпеза за било која пригода

Потребно е:

4 компири
6 тврдо варени јајца
200 гр шунка
300 гр тврдо сирење
1 павлака
100 гр мајонез
сол, бибер

Подготовка:

Сварете ги компирите со кора и изладете ги. Варете ги јајцата за да не тече жолчката, повеќе од 5 минути. Во сад измешајте павлака и мајонез. Додадете зачини по вкус. Премачкајте го преливот на дното на садот за сервирање. Потоа изрендајте ги сите состојки и наредете ги во слоеви во сад за сервирање. Прво ставете ги компирите, па преливот, па ренданата шунка. Премачкајте со прелив и додадете рендано варено јајце, преливот, па сирењето. Постапката повторете ја додека не останете без материјал. Завршете со рендано сирење. Украсете со рендани жолчки. Вашата салата Мимоза е подготвена. Добар апетит!

- Реклама -