Почина македонскиот кошаркарски тренер Лазар Лечиќ

Лазар Лечиќ се смета за еден од основоположниците на кошарката во независна Македонија

Легендарниот македонски кошаркарски тренер Лазар Лечиќ почина синоќа во Скопје на 85-годишна возраст.

Лазар Лечиќ, македонски кошаркарски тренер

Лечиќ работеше во Работнички, МЗТ Скопје, Никол ферт, а беше тренер и во Србија (Борац Чачак и Војводина), Словенија (Олимпија Љубљана) и Грција (Арис).

Во 1970 година има освоено светски шампионат како дел од стручниот штаб на југословенската репрезентација.

Лазар Лечиќ се смета за еден од основоположниците на кошарката во независна Македонија. Во 2015 година ја доби државната награда „8 Септември“. Во јуни минатата година тогашниот претседател Стево Пендаровски ги одликува Лечиќ и уште четворица спортски великани со „Медал за заслуги на Република Северна Македонија“.

Лечиќ ќе биде погребан утре на градските гробишта во Бутел.

- Реклама -