Активни десет пожари, уште седум се под контрола

До 19 часот, според ЦУК, активни пожари има во општина Кичево (селата Патец и Козичино), Пласница, Македонски Брод, Пехчево, Новаци, Ресен, Гази Баба и Крива Паланка, каде што горат борова и букова шума, мешана шума, нискостеблеста вегетација, дабова шума и сува трева

Фотографија од пожарот во Пехчево споделена на фејсбук-профилот на ЈП „Национални шуми“, објавена од „Малешнет.мк“

Центарот за управување со кризи информира дека од вкупно 24 пожари на територијата на целата државата денеска на отворен простор, во моментов десет се активни. Уште седум од пожарите се ставени под контрола, додека седум се изгаснати.

До 19 часот, според ЦУК, активни пожари има во општина Кичево (селата Патец и Козичино), Пласниц, Македонски Брод, Пехчево, Новаци, Ресен, Гази Баба и Крива Паланка, каде што горат борова и букова шума, мешана шума, нискостеблеста вегетација, дабова шума и сува трева.

Под контрола се ставени пожарите во општините Неготино, Македонски Брод, Кичево, Демир Хисар, Охрид, Чашка, Делчево и Липково, додека изгаснати се во Неготино, Виница, Босилово, Аеродром, Кочани, Липково и Кичево.

Денеска, во изјава за „360 степени“ градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, кажа дека состојбата на терен е повеќе од алармантна.

- Реклама -