Путин најавува одмазда за украинската офанзива кај Курск

„Какви било мировни преговори со Украина се невозможни се додека нејзините сили напаѓаат цивилно население и ја загрозуваат безбедноста на нуклеарните централи“ – порача Владимир Путин на состанокот со врвот на Руската Федерација.

Според рускиот претседател последните операции на Украина покажуваат зошто таа одбила да разговара за плановите за решавање на конфликтот врз основа на рускиот предлог или на патоказите понудени од дел надворешните посредници.

Претседателот на Русија, Владимир Путин

„Очигледно, непријателот потпирајќи се на помошта од западните пријатели, се обидува да ги подобри своите преговарачки позиции за во иднина. Но, како можеме да зборуваме за преговори со оние кои вршат напади врз цивили, цивилна инфраструктура или се обидуваат да ги загрозат нуклеарните капацитети“.

рече Путин.

Според рускиот претседател Владимир Путин нападот што започна на 6 август е обид на Киев да добие подобра преговарачка позиција во можните идни мировни разговори. Главна цел на Москва, според Путин, во оваа фаза е да ги отстрани украинските сили од руска територија.

„Непријателот ќе добие достоен одговор. Сите наши цели несомнено ќе бидат остварени“, изјави рускиот претседател.

Минатата недела Украина почна офанзива во регионот Курск и тоа претставува најголем упад на руска територија од избивањето на војната во февруари 2022 година.

- Реклама -