Изложба на дела од Радовишката ликовна колонија утре во Кавадарци

Во Галеријата на Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци, утре во 20 часот ќе се отвори изложба со дела создадени на 9. Меѓународна радовишка ликовна колонија 2024.

На изложбата ќе бидат претставени триесетина уметнички дела од учесниците на колонијата, кои доаѓаат од Македонија, Турција и Бугарија.

- Реклама -