Мастерклас со Инеке Смитс и Јероен Стаут: „Звуци и слики од втора рака” на МакеДокс

Во недела на 18 август во Лабораториум од 11.00 до 13.00 часот, како делмод 15 тото издание на МакеДокс, ќе се одржи Мастерклас со Инеке Смитс и Јероен Стаут: „Звуци и слики од втора рака.”

Филмската режисерка Инеке Смитс и уредникот на радиосодржини Јероен Стаут споделуваат како се запознале, нешто повеќе за својата заедничка љубов за луди земји, за својата соработка на филм и радио и за реупотребата на архивски звуци и слики. Во текот на предавањето ќе прикажат и инсерти од своите досегашни филмски и радио проекти.

Инеке Смитс студира филмска режија и пишување сценарио на Националната школа за филм и телевизија во Англија, каде што и магистрира во 1994 година. Во 2001 година нејзиниот прв и наградуван игран филм „Магонија“ премиерно се прикажува на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто. Следната година добива стипендија во рамки на берлинската Програма „Нипков“ за да го развива својот втор игран филм „Авијатичарката од Казбек“, кој ќе го затвори Меѓународниот филмски фестивал во Ротердам во 2010 година. Во периодот од 1998 до 2019 година, Инеке ќе напише и режира седум успешни документарци, меѓу кои се и: „Мамичката на Путин“, „Транзит Дубаи“ и „Малиот човек, времето и трубадурот“. Сите биле прикажани на Меѓународниот документарен фестивал во Амстердам, како и на други меѓународни фестивали. Инеке е обучувачка и предавачка, која работи и како советник во разни фондови и организации. Живее и работи во Холандија и во Грузија како продуцентка во компанијата за филмска продукција „Нуши филмс“ со седиште во Тбилиси.

Прочитајте и:  Регионалните филмски архиви и заштитени филмови „Во фокусот“ на МакеДокс 2023

Јероен СтаутЈероен Стаут дипломирал политички науки на Универзитетот во Амстердам во 1993 година. Ја отпочнува својата кариера како новинар и филмски критичар на Холандскиот национален радиодифузер НТР во Радио 1. Истовремено остварува неколку радиодокументарци за НТР и радиостаницата ВПРО. Во последниве години, Јероен се остручува во областа на радиодрамата, звучните тури и инсталации и во снимањето звуци за филм. Во 2006 година ја освојува Наградата на Италија за радиодрамата „Ли де Форест – духот на пионерот“. Како иницијатор, режисер и главен писател, во 2009/2010 година го предводи тимот сценаристи и го режира серијалот „Чекан“ (De Moker) за Радио 1, кој содржи 70 епизоди. Во 2014 година следува вториот серијал, „Пајакот“ (The Spider). По нарачка од Меѓународниот филмски фестивал во Ротердам, го пишува и режира „Улиште“, звучна тура низ една од населбите во Ротердам, заедно со други звучни инсталации. Покрај ова, Јероен е одговорен уредник во културниот магазин „Пластика“ (Kunststof) на Радио 1 и застапник за холандската документарна ТВ-програма „Часот на волкот“ (Uur van de Wolf).

- Реклама -