Србија ја совлада Хрватска и го одбрани олимпиското злато во ватерполо

Репрезентацијата Србија ја одбрани олимписката титула во ватерполо во машка конкуренција откако денеска во финалето на Игрите во Париз ја совлада Хрватска со 13-11 (5-2, 3-3, 3-3, 2-3).

Милош Чук со три голови ја предводеше Србија до триумфот, додека Јерко Мариниќ Крагиќ беше најефикасен во составот на Хрватска со три голови.
Ова е трето последователно злато за српските ватерполисти на Олимписките игри, по Рио де Жанеиро во 2016 година и Токио во 2021 година.
Претходено денеска во натпреварот за бронзениот медал САД ја совладаа Унгарија.

Извор