Пронајдени телата на сите 62 загинати во авионската несреќа во Бразил, во тек е идентификација на жртвите

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва прогласи тридневна жалост поради авионската несреќа кај Сао Паоло во која загинаа 58 патници и четири члена на екипажот

Властите во Бразил потврдија дека се пронајдени телата на сите загинати во авионската несреќа во бразилската држава Сао Паоло и дека идентификацијата на жртвите е во тек.

Како што јави Би-би-си, во саботата, бројот на жртви е ревидиран на 62, бидејќи по првите најави е потврдено дека на кобниот лет имало уште еден патник кој не е евидентиран. 

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва прогласи тридневна жалост поради авионската несреќа кај Сао Паоло во која загинаа 58 патници и четири члена на екипажот.

„Од моментот на објавување на оваа уредба, официјално прогласувам тридневна жалост низ целата земја за жртвите во авионската несреќа“,

се вели во соопштението на Лула да Силва објавено на мрежата Икс.


По авионската несреќа во која загинаа 62 лица, во Бразил прогласена тридневна жалост

Токму претседателот завчера информираше дека сите патници и членови на екипажот загинале во несреќата.

„Прво, имам многу лоша вест и би сакал сите да станат со минута молк бидејќи авион штотуку падна во градот Винхедо, Саун Пауло, со 58 патници и 4 члена на екипажот и изгледа дека сите загинаа. Сакам да замолам за минута молчење за жртвите“,

рече вчера претседателот Луис Инасио Лула да Силва.

(ВИДЕО) Нема преживеани од авионот кој падна во Сао Паоло, изјави бразискиот претседател

Авиокомпанијата „Воипес“ (VoePass) во соопштение потврди дека авионот што се упатил кон меѓународниот аеродром „Гуаруљос“ во Саун Пауло се урнал со 58 патници и 4 члена на екипажот. Во соопштението не се наведува што ја предизвикало несреќата, пренесува АП.

(ВИДЕО) Патнички авион со 62 лица се урна во град во Бразил

- Реклама -